EN SQ МК

Опфатени области

Поимникот Евровок ги опфаќа сите области поврзани со активности на европските институции:

  • ПОЛИТИКИ;
  • МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ;
  • ЕВРОПСКА УНИЈА;
  • ПРАВО;
  • ЕКОНОМИЈА;
  • ТРГОВИЈА;
  • ФИНАНСИИ;
  • СОЦИЈАЛНИ ПРАШАЊА;
  • ОБРАЗОВАНИЕ И КОМУНИКАЦИИ;
  • НАУКА;
  • БИЗНИС И КОНКУРЕНЦИЈА;
  • ВРАБОТУВАЊЕ И РАБОТНИ УСЛОВИ;
  • ТРАНСПОРТ;
  • ЖИВОТНА СРЕДИНА;
  • ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И РИБАРСТВО;
  • ЗЕМЈОДЕЛСКО-ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ;
  • ПРОИЗВОДСТВО, ТЕХНОЛОГИЈА И ИСТРАЖУВАЊЕ;
  • ЕНЕРГЕТИКА;
  • ИНДУСТРИЈА;
  • ГЕОГРАФИЈА;
  • МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ.

Некои области се поразвиени од други бидејќи се потесно поврзани со центрите од интерес за Европската Унијата. Така, на пример, називите на региони од секоја држава членка на Унијата се вклучени во Евровок, но не и оние од трети земји.

Групирањето на дескрипторите по области во одреден степен е произволно. Една од посебните карактеристики на Евровок е ограничување на полихиерархијата. Дескрипторите што можат да се вклопат во една или две области најчесто припаѓаат само кон областа која се чини како најприродна за корисниците со цел да се олесни управувањето со поимникот и да се ограничи неговиот обем....

a

Преведено од оригиналните изданија на јазиците од поимникот Евровок (издание 4.4), © Европска Унија, 2012

македонски превод: © Национален демократски институт за меѓународни работи, 2012

Одговорноста за македонскиот превод е целосно кај Националниот демократски институт за меѓународни работи