EN SQ МК

МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ

Во согласност со договорот за лиценција за Евровок 2012-COP-309, Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ), во соработка со Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија (СЕП) и со финансиска поддршка од Швајцарската конфедерација преку Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) по електронски пат го достави преводот на македонски јазик на Поимникот Евровок (верзија 4.4) до Службата за публикации на ЕУ во Луксембург на 31 декември 2012 година. НДИ исто така го испрати македонското издание на ЦД-РОМ преку ДХЛ до Паскал Бертлот, раководител на одделение, Одделение за правни и документациски прашања, консолидација и авторски права, авторски права/лиценции, Оддел за претпарнични и правни прашања во рамките на Службата за публикации на Европската Унија.

Со поддршка и надзор од страна на НДИ, преводот на македонски јазик беше изготвен од работна група составена од тројца правници, тројца лингвисти и еден експерт за информатичка технологија. Потоа дескрипторите, недескрипторите и забелешките за употреба беа разгледани од Уредувачки одбор составен од претставници од СЕП и раководител на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Преводот на македонски јазик на Евровок 4.4 поднесен во xml верзија содржи:

  • Дескриптори (USE): 6883
  • Недескриптори (UF): 12 791
  • Забелешки за употреба (SN): 11

На 31 мај 2013 година, НДИ организира полудневна национална конференција со цел претставување на преводот на Евровок до сите заинтересирани страни, вклучително и односните државни институции, граѓански организации и академската јавност. Свое обраќање на конференцијата ќе имаат следниве лица:

  • д-р Фатмир Бесими, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, Секретаријат за европски прашања, Влада на Република Македонија;
  • НЕ г. Стефано Лазарото, амбасадор, Амбасада на Швајцарија во Република Македонија;
  • г-ѓа Кристине Лабуди-Споиден, Служба за публикации на Европската Унија;
  • д-р Симон Саздов, раководител, Катедра за македонски јазик и јужнословенски јазици, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
a

Преведено од оригиналните изданија на јазиците од поимникот Евровок (издание 4.4), © Европска Унија, 2012

македонски превод: © Национален демократски институт за меѓународни работи, 2012

Одговорноста за македонскиот превод е целосно кај Националниот демократски институт за меѓународни работи