EN SQ МК

Евровок, повеќејазичен поимник на ЕУ

Евровок е повеќејазичен, повеќедисциплинарен поимник кој ги опфаќа активностите на ЕУ, особено Европскиот парламент. Тој содржи поими на 22 јазици (бугарски, чешки, дански, холандски, англиски, естонски, фински, француски, германски, грчки, унгарски, италијански, летонски, литвански, малтешки, полски, португалски, романски, словачки, словенечки, шпански и шведски), како и хрватски, македонски и српски. 

Евровок е управуван од Канцеларијата за публикации на ЕУ, која усвои онтолошки пристап на управување со поимникот и семантички интернетски технологии во согласност со W3C препораките и најновите трендови во стандардите на поимникот. 

Меѓу корисниците на Евровок се вбројуваат Европскиот парламент, Канцеларијата за публикации на ЕУ, национални и регионални парламенти во Европа, како и национални влади и приватни корисници од целиот свет.

a

Преведено од оригиналните изданија на јазиците од поимникот Евровок (издание 4.4), © Европска Унија, 2012

македонски превод: © Национален демократски институт за меѓународни работи, 2012

Одговорноста за македонскиот превод е целосно кај Националниот демократски институт за меѓународни работи