EN SQ МК

За што служи Евровок?

Секоја година се додаваат илјадници или десетици илјадници предмети кон документацијата што се изготвува како резултат на активностите на Европската Унија.

Во пресрет на сè поголемиот обем информации, одделите за документирање во рамките на институциите на Европската Унија уште од 1980-те години бараат начини за изнаоѓање инструмент за индексирање на тие документи. Оваа потреба особено се почувствува во Службата за официјални публикации и тоа за каталогот со публикации на институциите и индексите за Службениот весник, како и во Европскиот парламент за парламентарната документација и за библиотеката.

По истражување на расположливите инструменти, Службата за публикации на Европскиот парламент одлучи да изработи повеќејазичен поимник што ги содржи сите области од активностите на Европската Унија: поимникот Евровок.

Работата составена од избирање дескриптори и структурирање на поимникот беше започната од тим со документалисти и библиотекари од Европскиот парламент, Европската комисија и Службата за публикации. Овој процес беше поддржан и од Генералниот директорат за информатички пазар и иновации при Европската комисија, што претставуваат област која ја презема Генералниот директорат за информатичко општество и медиуми, како дел од политиката за поддршка на развојот на повеќејазични поимници.

Првото издание на поимникот беше објавено во 1984 година и тоа на седум јазици. Оттогаш Евровок се приспособува кон случувањата во Европската Унија, геополитичките промени и јазичните промени. Покрај повремените ажурирања, Евровок беше ажуриран седум пати и помина низ голем број јазични ревизии, при што се интегрирани и нови јазици во зависност од потребите. Македонскиот јазик го претставува 25-от јазик што е дел од Евровок, чијашто верзија беше преведена во 2012 година од страна на Националниот демократски институт за меѓународни работи со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Евровок одигра важна улога во индексирање на европското законодавство и други правни текстови (законодавни предлози и други документи поврзани со постапката на донесување одлуки). Го олеснува пристапот до правото на Европската Унија (acquis communautaire) и благодарение на стандардизирањето на терминологијата спречува проблеми во процесот на подготовка и/или преведување на законодавните инструменти, особено во случај на држава кандидатка што се наоѓа во фазата на изготвување секундарно законодавство за време на процесот на проширување.

a

Преведено од оригиналните изданија на јазиците од поимникот Евровок (издание 4.4), © Европска Унија, 2012

македонски превод: © Национален демократски институт за меѓународни работи, 2012

Одговорноста за македонскиот превод е целосно кај Националниот демократски институт за меѓународни работи