EN SQ МК

Цели

ЦЕЛ НА ПОИМНИКОТ

Поимникот претставува структуриран список со изрази чија цел е на недвосмислен начин да ја прикаже концептуалната содржина на документите во документарниот систем и прашањата за пребарување во тој систем.

Еден концепт во природен јазик може да се претстави со голем број еквивалентни изрази (на пример, земјоделска индустрија и индустрија за земјоделско-прехранбени производи или преработка на земјоделски производи и индустрија за преработка на земјоделски производи).

Улогата на поимникот е следење на вокабуларот, да се осигури дека секој концепт е претставен со претпочитан термин или дескриптор. Значењето на дескрипторот се објаснува со прикажување на односите меѓу термините во поимникот.

Синонимите или еквивалентните термини наречени недескриптори не се распределени како термини за индексирање, туку само ги упатуваат корисниците кон соодветниот дескриптор.

НАМЕНА НА ЕВРОВОК

Евровок е повеќејазичен поимник кој беше првично изработен за обработка на информации од документите на институциите на Европската Унија. 

Тој претставува мултидисциплинарен поимник што содржи широк опсег на области што опфаќаат прашања од национална гледна точка и од гледна точка на Унијата, со одреден акцент врз парламентарните активности. Евровок претставува контролиран вокабулар што може да се користи надвор од институциите на Европската Унија, особено од страна на парламентите. 

Целта на поимникот е да обезбеди услуги поврзани со управување и ширење на информации преку кохерентен инструмент за индексирање со цел ефикасно управување на нивните документирани ресурси и да им овозможи на корисниците пребарување низ документи преку употреба на контролиран вокабулар. 

ПРЕДНОСТИ И ОГРАНИЧУВАЊА

(a)  Предности

Користењето на поимникот ги има следниве предности:

— стандардизација на терминологија од вокабуларот за индексирање што овозможува попрецизно пребарување низ документите;

— повеќејазичност: утврдувањето јазични еквиваленти меѓу идентични концепти на различни јазици овозможува индексирање на документите на јазикот на документалистот и пребарување на јазикот на корисникот;

— размена на библиографски податоци меѓу службите за документирање преку користење на поимникот Евровок.

(б)  Ограничувања

Сепак, Евровок има и ограничувања.

— Евровок е изработен со цел исполнување на потребите на системите за општо документирање на активностите на Европската Унија; не е погоден за индексирање и пребарување на специјализирани документи;

— Евровок не може да ги опфати сите различни национални состојби на доволно детален начин; сепак, се прават напори за земање предвид на потребите на корисниците надвор од институциите на Европската Унија.

a

Преведено од оригиналните изданија на јазиците од поимникот Евровок (издание 4.4), © Европска Унија, 2012

македонски превод: © Национален демократски институт за меѓународни работи, 2012

Одговорноста за македонскиот превод е целосно кај Националниот демократски институт за меѓународни работи