EN SQ МК

Нови инструменти за управување и ширење на поимникот Евровок

Во декември 2000 година, корисниците на Евровок за првпат добија пристап до интернетската страница на Евровок. Интернетскиот пристап до Евровок значително го зголеми бројот на корисници. Интернетската страница овозможува консултирање на поимникот на едноставен начин кој во голема мера ја следи печатената верзија. Покрај пребарувањето според области и азбучен ред за определен термин, интернетската страница нуди безброј други можности: лексикон со термини што претставува дел од микропоимник; преведување на дескриптор или целокупната семантичката област на дескрипторот; повеќејазичен список; преземање во .пдф формат.

Системот за одржување на поимникот Евровок кој е заснован на веб технологија истовремено е изработен исклучиво за потребите на системот за управување поимник. Овој систем со ограничен пристап се користи за управување на сите видови измени, давање предлози, визуализирање или предлагање нови концепти и постапување по предлозите доставени од корисниците на сите јазични верзии.

Системот за електронско управување сега е отворен и за доставување предлози од страна на членовите на Комитетот за одржување и националните парламенти, како и за преведувачите терминологисти и тоа во врска со преведување на концептите на сите јазични верзии.

a

Преведено од оригиналните изданија на јазиците од поимникот Евровок (издание 4.4), © Европска Унија, 2012

македонски превод: © Национален демократски институт за меѓународни работи, 2012

Одговорноста за македонскиот превод е целосно кај Националниот демократски институт за меѓународни работи